Ковачевски – Пајат: Силна поддршка од САД за регионалните економско-енергетски иницијативи

Регионалните енергетско-економските иницијативи и поддршката од САД беа во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз, во пресрет на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, во соседна Грција.

Ковачевски, како што информираат од владината прес-служба, на средбата изразил благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет како и за важноста од стратешкиот енергетски проект за целиот регион.

Амбасадорот на САД во Грција, Пајат изразил силни заложби за интензивираното стратешкото партнерство, за важноста на денешниот настан на почетокот на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој претставува уште еден огромен придонес во јакнењето на регионалната соработка и во градењето на добрососедски релации.

На средбата, Ковачевски и Пајат, разговарале за важноста од развојот на регионалниот енергетски проект „Александруполи“ со што се отвора можноста за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни.

Ковачевски, како што се вели во соопштението од владината прес-служба, на средбата ги информирал амбасадорите Пајат и Брнз за актуелните економски процеси во Северна Македонија, за сите актуелни мерки кои Владата ги презема за ублажување на последиците од енергетската криза, предизвикана од воената агресија врз Украина како и за плановите за економски развој на среден и долг рок со фокус на инвестициите во успешна енергетска транзиција.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, присуствувале и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*