Маричиќ: И 100 години да траат преговорите со Бугарија, македонскиот идентитет не може да се избрише, добро знаеме кои сме и што сме

Во одредени кругови во Бугарија има некакви тези за македонскиот идентитет, но и 100 години да трае процесот не може да има ефект на промена на идентитетот. Ние знаеме кои сме и што сме и знаеме дека нација не се создава или брише со одлука, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во денешното гостување во „Утрински брифиниг“, Маричиќ  рече дека тоа не може да биде целта во 2022 година и во 21 век и дека до настанот во Битола текот на разговорите бил со достоинство и на ниво на партнери и НАТО сојузници.

-Важно е да не се остави да се променат атмосферата и наративот. Да не дозволиме да превладее национализмот и радикализмот, рече Маричиќ.

Тој додаде дека интензивно се работи со Бугарија во повеќе области и преку работните групи и на највисоко политичко ниво и дека сите прашања се на маса, но останува да се види дали ќе се успее да се постигне договор и да се подигне ветото.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека ние сакаме да продолжиме во една пријателска насока, но со цел да се најде решение, да се тргне ветото, повторно без врзување за датуми, во спротивно јазот може само да се зголемува и да се продлабочува.

-Трпението на двете страни ќе биде сигурно намалено, ентузијазмот за решавање исто така.
Ние не се откажуваме од членството во ЕУ, не се откажуваме од реформите, не се откажуваме од желбата Северна Македонија да биде членка на ЕУ и европска држава со сите стандарди.
Тоа е таа агенда од која оваа Влада нема никогаш да се откаже. Тоа не значи дека сме подготвени на какво било решение, на решение коешто би го нарушило нашето достоинство, идентитет и нашите интереси, нагласува Маричиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*