Панел-дискусија во Кабинетот на претседателот по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи панел-дискусија посветена на безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Настанот се организира во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), а на него ќе се обратат и претставници на неколку медиумски организации од земјава.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1993 година и секогаш на 3 мај. Целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*