Ули Хенес убеден дека Левандовски ќе остане во Баерн

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес верува дека напаѓачот Роберт Левандовски ќе остане во тимот од Минхен.

– Сигурен сум 100 отсто дека Роберт следната сезона ќе игра за Баерн. Тој има договор до 2023 година. Би сакал да биде продолжен, ова сум го кажал повеќе пати. Ова е моја гледна точка, изјави Хенес.

Претходно беше објавено дека Баерн има финансиски проблеми, па клубот не може да ја зголеми платата на играчот.

Левандовски е во Баерн од 2014 година. Во сезоната 2021/22, напаѓачот постигна 48 гола и оствари шест асистенции на 43 натпревари за тимот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*