Шолц: Санкциите кон Русија ќе бидат во сила се до потпишување на мировен договор со Украина

Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека мировните услови треба да ги одреди Украина.

Во интервју емитувано на јавната телевизија ЗДФ, Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин се преценил себеси доколку очекува да ја освои украинската територија, да прогласи крај на конфликтот и да гледа како западните земји ги укинуваат санкциите.

– Тој не размислувал за целата своја операција во Украина…Тој не мислеше дека Украина ќе се спротивстави така. Не мислеше дека ќе ги поддржуваме да издржат толку долго… Нема да ги укинеме санкциите доколку тој не постигне договор со Украина, а тој нема да го постигне тоа со диктиран мир, потенцираше Шолц.

Германскиот канцелар изјави дека Германија нема да ја прифати руската анексија на Крим. Шолц додаде дека не планира да го посети Киев откако претседателот Франк-Валтер Штајнмаер се откажа од патувањето по негодувањето на Украина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*