Владина делегација оддаде почит на великанот Гоце Делчев со положување цвеќе на неговиот гроб

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, денеска со положување цвеќе оддаде почит на великанот Гоце Делчев на неговото вечното почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

-Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност, стои во соопштението од владината прес-служба. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*