Дебата „Актуелните предизвици во македонското правосудство“

Во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе се одржи 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија“.

Организаторот на дебатата, Европското движење во Република Македонија, најавува воведни обраќања на министерот за правда, Никола Тупанчевски и шефот на словачката Асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај. Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на Врховниот суд, Основниот кривичен суд, Јавното обвинителство, Судскиот совет, адвокати и други претставници на граѓанскиот сектор.

Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*