Донаторска конференција: Да се развијат политики за приоритетите и да ги прилагодиме на нашата реалност

Стратешките развојни документи важни за напредокот на државава денеска беа претставени на донаторска конференција на која претставници на Владата и на донаторската заедница разговараа за следните чекори за проширување на развојната соработка за да се постигнат поставените приоритети за зелена транзиција, дигитализација,иновации и технолошки развој, човечкиот капитал, инфраструктурата и општествената кохезија. Целта е да се овозможи стратешко и ефикасно користење на програмите за финансирање.

На конференцијата беше порачано дека мапирањето и координацијата на донаторската помош бара вклучување и соработка на сите засегнати страни, и домашни и странски, како и дека ќе се активираат сите расположиви иницијативи за да се постигнат реформите и приоритетите, иако е предизвик во  услови на постпандемискиот период, тековната енергетска криза и војната во Украина. Исто така, да се развијат политики за приоритетите и да се  прилагодат на нашата реалност.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека координацијата и усогласувањето на странската помош се интегрален дел од пристапувањето на државава кон ЕУ, посочувајќи дека Владата ја препозна важноста на ефективната координација на странската помош и е посветена на натамошно подобрување на нејзината ефикасност.

Тој рече дека и покрај одредениот степен на развој, управување и координација на развојната помош која што е постигната досега се уште има предизвици кои би можеле да се намалат и рационализираат, а кои бараат итно внимание.  Во трите најважни предвзици што според него треба да се надминат, како што рече, се натамошно подобрување на функционирањето на секторските работни групи, во моментов има 11, а наскоро ќе има 13, кои треба да послужат како платформа не само за Инструментот за пристапна помош туку и за ефективен донаторски дијалог. Исто така, треба да се работи и на подбрување на комуникацијата со донаторите преку примена на годишни работни планови за организација на редовни тематски настани и дискусии, како и рационализирање и усогласување со стратешкото планирање на донаторите со стратешките приоритеи.

-Во Секретаријатот за европски прашања сме решени да ја зајакнеме секторската координативна рамка поради широк спектар на придобивки. Тоа ќе го олесни хармонизирањето и усогласувањето на сите засегнати страни, ќе обезбеди поголем импакт на инвестиците во одредени сектори, ќе ја зголеми координацијата на донаторите и ќе го намали преклопувањето или разидувањето на иницијативите, ќе ги подобри синергиите меѓу различните иницијативи и во поглед на преговорите за пристапување кон ЕУ ќе овозможи добро насочена и флексибилна помош од вас донаторите, усогласена со стратешките цели на ниво на калстери притоа земјаќи ги предвид меѓусекторските прашања, рече Маричиќ.

Вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, пак, се осврна на важноста на националната развојна стратегија 2022-2024 и плановите да се вклучат сите заинтересирани страни, порачувајќи дека нејзината примена ќе помогне да се мобилизира опшетеството и да се реализираат поставените приориети.

-Основата да се постигне синергија помеѓу разните политики е да се постигнат националните приоритети во една временска рамка. Ова ќе биде алатка преку која ќе го мериме успехот. Ние веруваме дека ќе има поголем фокус имплементацијата, рече Битиќи.

Тој сподели резултати од истражување според кое над 80 проценти поддржуваат примена на  стратегија, 89 проценти веруваат дека ќе го подобри нивниот живот, а 80 проценти дека ќе се постават приоритетите на државата и сметаат дека е навистина битно да учествуваат во стратегијата.

Битиќи посочи идека во планирањето мора да се земат предвид  и предизвиците од пандемијата и тековните  кризи, како и дека во развивањето на националната стратегија треба да се применат најдобрите пракси, да учиме од искуството. Преку овие процеси сакаме да ја активираме координацијата помеѓу националните институции, академијата и приватниот сектор, рече вицепремиерот.

Клучните процеси што ги дизајниравме и како Влада ги прифативме принципите на начелата на методологијата, иновација,а даптибилност агилност, меѓусекторкса соработка и да се справуваме со предизвиците, ова ежив документ што ќе биде унапреден и ажуриран, дополни Битиќи.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, донорите во иднина треба да ги нарекуваме развојни партнери затоа што, како што објасни, ние не сме земја која зависи од донации. Ние, потенцираше, сакаме е да развиваме кооординации и соработки. Ние заедно со вас сме способни и да развиваме други земји и да помогнеме во развојот на други земји осбено затоа што сме вклучени во мировните мисии и сме веќе партнери во промоцијата и унапредувањето на мирот и демократијата во светот, рече Бесими.

Тој  укажа дека сите проекти се многу комплицирани поради војната во Европа и енергетската криза.

Сега, посочи, сме поопуштени бидејќи доаѓа летото па енергетски сме поопуштени, но потоа доаѓа есента и зимата и мора да развиеме политики за нашите приоритети и да ги адаптираме на нашата реалност. Имаме криза по криза и за нас одредувањето приоритети е огромен предизвик. Во Владата ги вложивме сите напори и аплициравме сите иницијативи за студии и ние и натаму ја имаме истата визја за структурните промени. Секојдневно  се соочуваме со економскатакриза и финансиските предизвици кои мора да се адаптираат на шокот од економската криза, укажа Битиќи, порачувајќи дека ефикасноста мора да биде повисока од порано.

Државата, како што рече, се стреми кон даночна консолидација, економско закрепнување и економски развој, а координацијата за се ова се планира со примена на понови, креативни и иновативни инструменти вклучувајчи и јавно и приватно финасирање и донори.

-Политиката во изминатте две години  беше дека за секој денар од Буџетот имавме дополнителни денар, или евра или долари што доаѓаат во земјава као поддршка од донори, од развојни партнери и од приватниот сектор, како и разни инструменти, посочи Бесими.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*