Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата против едно лице, за кое постои основано сомневање дека како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари.

– Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари. Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари. На тој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од МВР се наведува дека против И.С. (47) од Виница постојат основи на сомнение за сторени две кривични дела  „злоупотреба на  службена положба и овластување“ по член  353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно  работење во службата“ по член   353-в став 3  во врска со член 45 од Кривичниот Законик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*