Одбележување на Денот на канадскиот филм

По повод Денот на канадскиот филм, Амбасадата на Канада и Кинотека организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс со Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм.

По две години „онлајн“ презентации, деветтото издание на Денот на канадскиот филм организирано од REEL CANADA ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и земјава.

Генералниот гувернер на Канада Мари Симон е почесен покровител на годинашното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видео-обраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година.

Годинава во фокусот е „Славење на домородните гласови“, во соработка со „имагинеНАТИВЕ Филм“ и „Медиа Артс Фестивал“. Се работи за филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада.

Филм „Трчај, жено, трчај“ е филм за Бек (Хеберт), самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот мохаве јазик по смртта на нејзината мајка. Завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“.

Проекцијата на филмот е во Кинотека, во 20 часот. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*