Промовирана нова германска инвестиција во битолската градска индустриска зона

Градоначалникот Тони Коњановски ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција во битолската  Индустриската зона, лоцирана кај старата фабрика на Битолатекс.

Од Општина Битола информираа дека Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина, со што се намалуваат емисиите на јаглерод.

Брејнчајлд Продукција ќе користат обновливи извори на енергија, а главен фокус во производството се реквизити за спортови на вода но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста.

Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*