Собранието ќе ја продолжи 69. седница

Собранието денеска ќе ја продолжи 69-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.

Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, за Предлог-одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител.

На дневен ред се Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, и двата со европско знаменце.

Пратениците ќе дискутираат и за Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, поднесен од група пратеници и  Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*