Француска левица: Ќе го победиме Макрон во Парламентот

Француската Социјалистичката партија и екстремната левичарска партија Непокорна Франција (ЛФИ) постигнаа начелен договор за формирање сојуз пред парламентарното гласање во јуни, изјави членот на ЛФИ, Адријан Кватенен.

– Можеме и ќе го победиме Емануел Макрон. Ќе го направиме тоа со мнозинство, со цел да спроведеме радикална програма, истакна Кватенен.

Постигнатиот договор меѓу преговарачите допрва треба да биде одобрен од главниот одбор на Социјалистичката партија.

ЛФИ претходно имаше склучено слични договори со француските Зелени и комунистите, создавајќи обединет фронт предводен од Жан-Лук Меланшон.

Тој рече дека сака да биде премиер во следната влада и се надева дека ќе го надгласа реизбраниот Макрон за време на гласањето во Парламентот следниот месец, меѓу 12 и 19 јуни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*