Антологија на српскиот филм во Кинотека

Од денеска  до 11 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Ќе бидат прикажани: „Кој тоа таму пее?; „Маратонците го трчаат почесниот круг“; „Лажливо лето ’68“; „Балкански шпион“; „Национална класа“; „Пластичен Исус“; „Кога ќе бидам мртов и бел“; „Љубовен случај или трагедијата на службеничката во ПТТ“; „Венецот на Петрија“; „Љубов и мода“ и „Давител против давител“. 

Автори на филмовите се Слободан Шијан, Горан ПаскаљевиќДушан Ковачевиќ, Божидар Николиќ, Горан Марковиќ, Лазар Стојановиќ, Живоин ПавловиќДушан МакавеевСрѓан Карановиќ и Љубомир Радичевиќ.

-Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија. Процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската кинотека во Белград, соопшти Кинотеката. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*