Едукативна кампања „Мојот данок, за мојата општина!“ во Охрид

Општина Охрид се приклучи кон едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“, како партнер-општина на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Целта на кампањата, како што информира Општина Охрид, е да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината. Се очекува да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

– Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот. Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат нови градинки, игралишта, улици, училишта, осветлување, паркови, еколошки и проекти за економски развој, стои во соопштението. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*