За брзо возење казни за 235 возачи на територијата на цела држава 

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 235 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 143 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*