Промоција на филм посветен на обичаите за Ѓурѓовден во тетовскиот регион

Во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце вечерва од 20 часот ќе се одржи промоција и проекција на краткометражен филм „Ѓурѓовден во Долни Полог (Ајде на билки сите девојки) по сценарио и режија на Бобан Трпковски од КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Во рамки на промоцијата ќе се одржи и концерт со изведба на песни и ора на КУД „Кирил Пејчиновиќ“, а  гости на настанот се вокално-инструментален состав „Аманет“.

-Филмот е за празникот Ѓурѓовден, што претставува празник на будење на природата, проследен со многу магиско-антропејски адети и обичаи. Посебно место во Ѓурѓовденските обичаи има берењето билки кој се изведува еден ден пред самиот празник, информира Бобан Трпковски, автор на филмот.

Филмот е снимен во текот на годинава, со времетраење од 20 минути. Филмот ќе биде достапен на социјалните мрежи. Делото е поддржано од Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*