Руски хеликоптер влегол во финскиот воздушен простор

Руски хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во јужниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Финска.

Инцидентот се случил вчера околу 10:40 часот во близина на населените места Парика и Кесалахти во близина на копнената граница со Руската Федерација во близина на Карелискиот теснец. Хеликоптер од типот „Ми-17“ прелетал четири до 4,5 километри внатре во финска територија.

Финската погранична полиција го истражува инцидентот.

Ова е втор ваков инцидент годинава. Претходниот се случи на 8 април во регионот Порво, но тогаш во финскиот воздушен простор влезе патнички авион на Руската Федерација.

Во Финска и Шведска се водат дебати за влез во НАТО, а одлуката за аплицирање може да се донесе веќе овој месец. Според извештаите на медиумите, Финска би можела одлуката за членство во Алијансата да го донесе веќе наредната седмица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*