Убер е во загуба и покрај заживувањето на овој вид превоз

Американската транспортна компанија Убер објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата.

Нето загубата на компанијата е 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД.

Акциите на Убер паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување.

Приходите на Убер се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна Eats во споредба со истиот период пред една година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*