Артета го продолжи договорот со Арсенал 

Шпанскиот фудбалски стратег Микел Артета потпиша денеска нов договор со премиерлигашот Арсенал со важност до лето 2026 година. 

„Возбуден сум, благодарен и среќен. Сакаме клубот да го однесеме на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите екипи. За тоа да го оствариме мораме да играме во Лигата на шампиони, изјави Артета. 

На четири кола до крајот на сезоната Арсенал е  на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампиони,со два бода предност пред Тотенхем. 

Артета е на клупата на Арсенал од зимата 2019 година и со „топчиите“ освој еден трофеј, во ФА купот во сезоната 2019/2020. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*