Ајнтрахт прв германски финалист во Лига Европа

Со елиминацијата на лондонски Вест Хем во синоќешното полуфинале фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт станаа првиот германски клуб кој обезбеди финале од воведувањето на Лига Европа во сезоната 2009/10.

За бундеслигашот од Франкфурт тоа воедно ќе биде прво европско финале по пауза од 42 години. Последен пат Ајнтрахт стигна до финале во 1980 година во Купот на УЕФА, кога и го освои својот единствен европски трофеј. Ајнтрахт играше и во финалето во Купот на европските шампиони во 1960 година и беше поразен од мадридски Реал со 7-3.

Нивниот противникот на 18 мај во Севиља, шкотски Глазгов Ренџерс, ќе го одигра своето петто европско финале во историјата, а прво по 2008 година.

Шкотскиот тим досега има само еден трофеј, во Купот на европските купови во 1972 година

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*