Деспотовски потврди дека со „Кромберг и Шуберт“ се разговара за нов капацитет

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ која е веќе присутна во Битола, планира проширување на своите капацитети, но деталите за инвестицијата ќе бидат соопштени по разговорите со компанијата кои се во завршна фаза, рече денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.

-Една од компаниите со кои разговараме во моментот и со кои разговорите се во завршна фаза за нова инвестиција, е и „Кромберг и Шуберт“, но откако ќе ги завршиме разговорите, ќе ги соопштиме сите детали за инвестицијата, кусо одговори Деспотовски на новинарско прашање по прес-конференцијата за економското работење на зоните во 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*