Зеленски покрена платформа за помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата.

– Со еден клик можете да донирате средства за заштита на нашите бранители, спасување на нашите цивили и обнова на Украина, истакна Зеленски, најавувајќи го покренувањето на платформата „Јунајтед24“ (United24).

Тој додаде дека сите средства ќе бидат префрлени во Народната банка на Украина и доделени на надлежните министерства.

Зеленски наведе три области за кои ќе се користат собраните средства: одбрана и деминирање, хуманитарна и медицинска помош и обнова на критичната инфраструктура. гт/

 

We launched United24 @U24_gov_ua global initiative.

Its 1st component is an online platform to raise funds in support of ����. Other projects & programs will be added soon.

You can make a donation in 1 click from any country.

Together we will win!#united24 #thepoweroffreedom

F

— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 5, 2022

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*