Ковингтон останува во ЛА Клиперс

Американскиот кошаркар Роберт Ковингтон (31) за сума од 24 милиони долари потпиша нов двегодишен договор со НБА лигашот Лос Анџелес клиперс.

„Клиперси“ во февруари го ангажираа Ковингтон, кој претходно настапуваше за Портланд, а на 23 натпревари сезонава имаше просек од 10.4 поени и 5.1 скокови.

Ковингтон ја игра својата деветта НБА сезона, играјќи претходно и за Хјустон, Филаделфија и Минесота со вкупен просек од 11.6 кошеви и 5.8 скокови по натпревар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*