На „Криволак“ средба со новинари за претстојната вежба „Swift Response 22“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе биде одржан брифинг за вежбата „Swift Response 22“, што ќе започне викендов и која и е досега најголемата вежба што се реализира во земјава.

– Вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на АП „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираат од Министерството за одбрана.

Како што посочуваат, на брифингот ќе бидат презентирани сите можности за медиумско покривање на вежбата, а медиумите подетално ќе бидат информирани и за целта и учесниците на вежбата.

По брифингот, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, ќе дадат изјави за медиуми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*