Општина Струга на Меѓународниот саем за туризам во Приштина

Туристичките потенцијали на Струга, културата, традицијата и сите природни убавини на регионот вчера и денеска се претставуваат на Меѓународниот саем за туризам и спорт во Приштина.

Општина Струга, како што инфорира градоначалникот Рамис Мерко, со свој штанд ги презентира вредностите и туристичките потенцијали.

– Горди сме што постојано ја подобруваме туристичката понуда, ги следиме светските трендови и создавајќи нови форми на алтернативен туризам ја промовираме нашата прекрасна Струга. Подготвуваме и заеднички проекти со соседните земји, кои им овозможуваат на вработените во туризмот да понудат нови пакети и предизвикаат интерес кај гостите од цела Европа, а зошто не и од целиот свет, рече Мерко.

Општина Струга, додаде, на учесниците на саемот и на косовските туристички работници им ги презентира новите флаери и брошури во кои стојат инфорации за градот и она што го нуди за посетителите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*