Пеле им честита на Реал и сонародникот Родриго: Едвај чекам да го гледам финалето

Секогаш знаев дека ќе дојде денот кога ќе ти честитам, пријателу, напиша легендарниот бразилски фудбалер Пеле во објава на Инстаграм, илустрирана со заедничка фотографија со сонародникот Родриго, кој со два гола за две минути донесе резултатски пресврт на „Сантијаго Бернабеу“ и придонесе за пласман на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони.

Реал во средата вечер во драматичен натпревар ја анулираше предноста на Манчестер сити (4-3) од првиот натпревар и со победа од 3-1 по продолженија избори финале на 28 мај против Ливерпул во Париз.

Полуфиналниот реванш во Мадрид го однесе во продолжение 21-годипниот бразилски репрезентативец Родриго со голови во 90. и 91. минута.

– Не постои друг начин за оние, кои вредно работат и го сакаат тоа што го работат. Ти со просветлен и допрва ќе ни носиш многу радости. Честитки за Реал Мадрид! Едвај чекам да го гледам финалето, напиша Пеле.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*