Првото печатено издание на Новаја Газета излезе надвор од Русија

Печатеното издание на познатиот весник Новаја Газета, кој е критичар на Кремљ, денеска излезе во европска верзија и тоа во Летонија, јави ДПА.

Новиот весник, наречен Новаја Газета Европа, го издаваат уредници на весникот кои побегнале во странство во соработка со летонска издавачка куќа.

Весникот е испечатен и на руски и на летонски и опширно известува војната на Русија во Украина. Според уредниците, весникот треба да биде објавен и во Естонија.

Новаја Газета престана со работа во Русија под притисок на властите во Москва. Главниот уредник и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов беше нападнат со боја во руски ноќен воз на 7 април и се здоби со повреди на очите.

Истиот ден, руски новинари во егзил ја основаа Новаја Газета Европа, правно независна од редакцијата во Москва, напиша главниот уредник Кирил Мартинов во уводникот на првото печатено издание.

– Сакаме да ја напишеме вистината за војната и да направиме сè што е во наша моќ да ја запреме, нагласи Мартинов.

Печатениот број е намерно објавен во пресрет на 9 мај кога Русија со воена парада традиционално ја слави советската победа над хитлерова Германија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*