Приведени двајца разбојници од Скопје

Полициски службеници од ЕВР – Кисела Вода во средата вечерта ги лишиле од слобода скопјаните Н.А. (23) и С.Т. (26), кои се осомничени дека претходно околу 19.10 часот на улица „Ефтим Спространов“ со закана одзеле предмети од М.А. (25) од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, осомничените биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.

По целосно документирање на случајот против Н.А. и С.Т. ќе биде поднесена пријава за „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*