Приведен крадец во Виница, пронајдени одземените предмети

Полициски службеници лишија од слобода кривопаланчанец за сторени две кривични дела – кражба. Пронајдените предмети ќе им бидат вратени на сопствениците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 17:20 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.А.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и кои ќе бидат вратени на сопствениците, посочуваат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*