Приведен скопјанец за противправно присвојување возило

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода С.Џ. (40) од Скопје, кој бил баран со распис од Полициската станица – Чаир поради сомнение дека противправно присвоил возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал.

На 03.04.2022 година, како што информираа денеска од МВР, С.Џ. со лице од Скопје направил устен договор да го купи возилото, по што го зел, но не го платил.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на С.Џ. ќе му биде поднесена пријава за „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*