Промоција на романот „Синовите на Адам“ од Михајло Свидерски

 Во Домот на Културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечер (18.00) ќе се одржи промоција на романот „Синовите на Адам“ на реномираниот македонски писател Михајло Свидерски.

Во најавата за промоцијата е наведено дека романот отвора досега неотворени и табуизирани теми во македонската книжевност.

Синовите на Адам е романизирана вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект на мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје, во темните соби се носат деца заради забава. Рајот за оние што можат да си дозволат сѐ што ќе посакаат станува пекол за оние што излегуват оттаму.

-Крајот пак, нѐ враќа на библиското и исконско прашање за простувањето. Треба ли да (им) се прости ако знаат што прават?, го отвора прашањето критичарката Александра Јуруковска во поговорот на книгата.

Михајло Свидерски е автор на три романи и четири поетски збирки. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди. Преведуван е на англиски, руски, арапски, шпански, грчки, унгарски, баскиски, српски, бугарски и други.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*