Рама: Балканските народи треба да пораснат и да го остават минатото зад себе

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска оцени дека балканските земји треба „да пораснат и да заборават на збрките од минатото“.

Рама на 18. Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Тирана истакна дека „не треба да заборавиме колку профитираа другите на наша сметка, на неволјите што самите си ги направивме“, пренесува Коха.

– Тука сме за да останеме. Србија нема да оди никаде, како ни Хрватите и Црногорците. Сите ќе бидеме тука. Мораме да пораснеме и да ги заборавиме сите неволји кои си ги создадовме еден на друг. Имаме уште долг пат да одиме, но денес сме на подобро место во споредба со тоа каде што бевме, рече премиерот на Албанија.

Тој ја нарече ситуацијата во Украина „исклучителна лекција“, додавајќи дека таа треба да се продолжи по патот на мирот.

– Денешната реалност покажува што може да се постигне со мир и соработка и каква загуба е да се инвестира во омраза, поделеност, вознемиреност, рече Рама.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*