Русија повтори дека нема да употреби нуклеарно оружје во Украина

Кремљ во неколку наврати нагласи дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина. Ова тврдење сега го повтори и Алексеј Заитсев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Тој денеска нагласи дека руско користење на нуклеарно оружје, ризик на што западни официјални лица предупредија неколку пати, „не е применувано во специјалната воена операција“.

Западни официјални лица, како и аналитичари, предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин, поради неуспехот да го скрши жестокиот отпор на Украинците, би можел да премине на некој вид нуклеарен удар.

Минатиот месец, директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс истакна оти, со оглед на загубите што ги претрпе Русија во Украина, „никој не смее лесно да ја игнорира заканата од можна употреба на тактичко нуклеарно оружје“. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*