Стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата.

Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно.

Тие посочуваат дека акцијата ќе ја спроведуваат вработените и членовите на менаџерскиот тим на „Пивара Скопје“, вработените во администрацијата на Град Скопје, членовите на неколку дипломатски претставништва во земјата, „Мен енд Маунтен“ (организатори на Генералка викенд 2022) и„ Пакомак“.

Од Општина Ѓорче Петров најавија дека ќе се приклучат кон акцијата, која ќе се спроведува на три локации: Полјана-Хром, Јурија кај „Св.Лазар“ и Даме Груев-збирно место пред месна заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*