Французите тврдат дека Мбапе останува во ПСЖ, негова мајка демантира

Француските медиуми, предводени од весникот Ле Паризиен, објавија дека еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ, Килијан Мбапе, одлучил да ја продолжи соработката со парискиот гигант.

Според медиумите, францускиот напаѓач ги договорил сите детали за нов двегодишен договор, кој би требало да му донесе годишна плата од 50 милиони евра со фантастичен бонус од 100 милиони евра.

Од друга страна, мајката на Мбапе синоќа ги демантираше медиумските написи.

– Сè уште нема договор. Мојот син не договорил ништо, ниту со Париз, ниту со кој било друг клуб. Разговорите и натаму продолжуваат со цел Килијан да дон есе ја најдобрата одлука за себе, со почитување на двете страни, изјави мајката на францускиот репрезентативец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*