ХЕРА отвора Младински центар „Сакам да знам“ во Куманово

ХЕРА  – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Куманово ќе го отвори Младинскиот центар „Сакам да знам“ во амбулантата „Гоце Делчев“, кој ќе нуди бесплатни и доверливи услуги за младите, поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и простор за младински активизам.

Новиот младински центар, инаку прв од ваков тип во Куманово, ќе го отвори градоначалникот Максим Димитриевски, а обраќања ќе имаат и Румена Ѓердовска-Којчески, претседателка на Управниот одбор на ХЕРА и директорот на Здравствениот дом во Куманово, Фарук Алили.

ХЕРА го отвора Центарот во соработка со Здравствениот дом – Куманово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*