Шангај: Најлошиот бран на Ковид-19 под ефективна контрола

Шангајските власти соопштија дека ефикасно го контролираат најсилниот бран на Ковид-19, по едномесечен „локдаун“ на речиси 25 милиони луѓе. Тие ветија дека ќе успеат во намерите да спроведат „Нулта ковид“ стратегијата независно економските последици.

Бројот новозаразени во финансискиот центар на Кина е во постојан надолен тренд од 22 април, прецизираше заменик-градоначалникот на Шангај, Ву Кинг.

„Во моментов превенцијата од епидемијата и контролата на состојбите во нашиот град постојано се подобруваат, а епидемијата е ставена под ефективна контрола“, изјави Ву пред медиумите.

Од вкупно 25 милиони граѓани многумина сè уште се во „изолација“, револтирани од мерките што се веќе втор месец на сила.

Ву еше претпазлив посочувајќи дека иако локалната трансмисија е ефективно ограничена, сепак постои ризик така што градските власти немаат намера да се откажат од стратегијата за динамично чистење.

„Не можеме да се опуштиме, упорноста е победа“, рече тој, повторувајќи ги коментарите истакнати на вчерашниот состанокот на постојаниот комитет на Политбирото на владејачката Комунистичка партија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*