Џонсон: Велика Британија ќе ја интензивира помошта за Украина

Велика Британија сè повеќе ќе и помага на Украина, а тоа ќе трае се додека ѝ треба помошта, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на донаторската средба во Лондон наречена „Храбра Украина“.

-Што и да се обиде Путин да му направи на украинскиот народ, тој никогаш нема да го скрши нивниот дух, изјави Џонсон, цитиран од „Гардијан“.

Британскиот премиер го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тој е „навистина еден од најневеројатните лидери на модерното време“.

Џонсон изјави дека целта на настанот „Храбра Украина“ е да се соберат „витални средства за хуманитарен одговор на конфликтот“, пренесува британскиот весник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*