Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Париз

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Париз, во чии рамки ќе оствари средби со државниот секретар за европски прашања на Франција, Клемент Бон и со политичкиот советник за Балканот на францускиот претседател Емануел Макрон, Изабел Думонт, а во францускиот Сенат ќе се сретне и со претседателот на Комитетот за меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.

Покрај тоа, информираат од СЕП, вицепремиерот Маричиќ ќе учествува и на конференцијата „Балкански дијалози“, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес“, на која ќе присуствуваат и високи државни претставници од регионот и од Европа. Планирано е нанеговта црногорска колешка Јована Маровиќ.

– Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија, за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи, посочуваат од СЕП.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*