Воена парада во Русија по повод Денот на победата, мали прослави и во окупираните делови на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин го повтори своето обвинување дека Западот не му оставил друг избор освен да ја нападне Украина во говорот одржан за време на парадата на Денот на победата на Русија, годишна комеморација од победата врз нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна.

Си-Ен-Ен истакнува дека говорот даде малку детали за тоа како Русија планира да продолжи во Украина, со оглед неколкудневните шпекулации дека Путин ќе го искористи настанот за да објави големо соопштение.

Аналитичарите од сферата на одбрана оценуваат дека се одржала своевидна „придушена“ парада, во која илјадници војници се собраа пред Кремљ на Црвениот плоштад, а очекуваниот воздушен дел од годишниот настан беше откажан поради временските услови, според официјален Кремљ.

Путин ги повтори своите причини за инвазијата на Украина, велејќи дека интервенцијата е неопходна бидејќи Западот создава „закани до нашите граници“ и „се подготвува за инвазија на нашата земја“. Тој, исто така, тврди дека Западот не сака да ги слушне руските предлози за дијалог.

Исто така, се одржаа и скромни прослави во окупираните делови на Украина. Имаше мали проруски прослави во деловите на Украина окупирани од Русија, вклучувајќи го и Херсон, според руските државни медиуми.

Проруските профили на социјалните мрежи циркулираа видеа снимени во јужниот украински регион Херсон, на кои се гледаат мали групи луѓе кои веат црвени знамиња и носат цвеќиња додека го одбележуваат Денот на победата на Русија. Украинските активисти во Херсон тврдат дека Русија донела луѓе од Крим за да го зголеми бројот на присутни. Според украинските власти, во југоисточниот град Мариупол, цвеќе било положено на споменикот, кој неодамна беше обновен од страна на сепаратистите поддржани од Русија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*