Во Битола приведени дилери на дрога од Прилеп

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола синоќа во 22:15 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола привеле три лица од Прилеп.

При преглед извршен кај С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп, како што денеска соопштија од МВР, кај С.Д. биле пронајдени и одземени две пакувања хероин, амфетамини, како и поголем износ на пари.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*