Германски производител на оружје: Поради војната очекуваме раст на приходите годинава

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ денеска потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот очекува силен раст на приходите оваа година, по стагнацијата во првиот квартал.

Нивниот приход бил на ниво на истиот период лани и изнесувал 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка порасна за 10 отсто на 92 милиони евра. Нето добивката порасна за 52 отсто на 61 милион евра.

Побарувачката расте и се зголеми за четири пати во одделот за артилерија и муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, пред се благодарение на големата нарачка муниција од Унгарија, вредна неколку стотици милиони евра.

– Компанијата сè уште очекува приходите да скокнат од 15 до 20 отсто оваа година, под услов Владата да ги стави на располагање најавените 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот, со програма за вооружување која треба да трае неколку години, рече извршниот директор Армин Папергер.

Набргу по руската инвазија на Украина, „Рајнметал“ објави список на воена опрема, вклучувајќи тенкови, камиони и муниција, кои ќе бидат достапни релативно брзо, надевајќи се дека германската Влада ќе купи барем дел од тие производи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*