За брзо возење вчера казнети 380 возачи

Во засилена акциска контрола во сообраќајот, вчера на територијата на целата држава полицијата казнила 380 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

МВР информира дека од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 155 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*