Концерт на Дино Имери во битолскиот Офицерски дом

Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом.

Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом.

Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*