Шмихал: Украина не може да извезе околу 90 милиони тони земјоделски производи

Украина не може да извезе околу 90 милиони тони земјоделски производи, бидејќи Русија блокира пристаништа, информираше украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тоа може да доведе до глобална криза со храната, додаде премиерот. Според него, кризата не е предизвикана со санкциите против Русија, туку со тоа што земјата ги блокира украинските пристаништа. Преку пристаништата се одвиваа 70 отсто од извозот на украинските земјоделски производи.

Шмихал во интервју за РБЦ-Украина изјави дека одлуката за укинување на забраната за патување на машки лица, зависи од позицијата на војската.

– За време на вонредна состојба, тоа не е во план. Тука, всушност, војската одлучува, но, верувам дека додека трае војната, сите машки лица треба да бидат во Украина, додаде Шмихал.

Украина ја напуштиле околу пет милиони лица.

– Официјално, евидентирани се 4,7 милиони. Во изминатите две недели и некој ден плус, 700.000 Украинци веќе се вратија. И секојдневно повеќе се враќаат, отколку што си одат од Украина. Тоа го знаеме бидејќи градовите се полни, по вршење на работата. Ако 32 отсто од работењето беше запрено, сега е само 17 проценти, појасни Шмихал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*