Бон: Можно е неделава да се постигне договор за ембарго на руската нафта

Во текот на неделава можно е да се постигне договор за предложеното ембарго од страна на Европската Унија на руската нафта, што сега го блокира Унгарија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон.

– Сметам дека можеме да постигнеме договор во текот на неделата, напорно работиме на тоа. Тоа, секако, е прашање на денот, изјави Бон за каналот ЛЦИ.

Тој е уверен оти ќе има шестти пакет европски санкции против Русија.

За денеска, Бон најави телефонски разговори на европските лидери. Меѓу нив се францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фон дер Лајен синоќа оцени дека во разговорите со Унгарија, околу предложената забрана на Европската Унија за увоз на руска нафта, има напредок, но, потребно е уште да се работи на тоа.

Будимпешта го блокира планот на ЕУ за воведување ембарго на увоз на руска нафта.

ЕУ се соочува со одредено спротивставување на некои земји членки, кои многу се потпираат на руските енергенти, меѓу кои и Унгарија, околу шесттиот пакет санкции против Русија, што се однесуваат на ембарго на увоз на нафта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*