Димитар Солаковски добитник на наградата „Златен лист – Владимир Георгиевски“

Ликовниот уметник Димитар Солаковски е добитник на годинешната награда за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“, која се доделува во чест на овој великан на македонската ликовна уметност. Наградата секоја година ја доделува Здружението „Транзен“ од Струмица, а годинава тоа ќе се случи на изложбата „Несовршен простор“, што на 13 мај ќе биде отворена во ликовниот центар „Магаза“ во Битола.

– Делото „Детето на Белото море“ е една прилично смела, директна и специфично решена композиција, која истовремено носи тивка суптилна поетска приказна. Толку интимно, а сепак универзално, затоа што колку подлабоко патуваме низ привидните суштини на поединечните форми, гледаме дека на крај сите завршуваат во една суштина. Тука е прикажан моментот на вечноста. Запомнетото што избледува, а не се заборава, напиша сликарот Владимир Илиевски за делото на Димитар Солаковски во име на жирито на овогодишната награда.

На годинешната изложба на темата „Траги во просторот“ ќе учествуваат петнаесет уметници: Димитар Солаковски, Илија Маџаров, Тони Попов, Александра Петрушевска Ристовска, Марија Трајаноска, Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Дејан Иванов Маргуш, Орце Нинески, Љубица Мешкова Солак, Ѓорги Динев, Горан Јованов и Верица Арапова.

„Несовршен простор“ е петта по ред изложба во организација на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, оваа година во соработка со Друштвото на ликовни уметници Битола.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*