Инфлацијата во Грција највисока во изминатите 28 години

Инфлацијата во Грција во април бележи рекорд во изминатите 28 години и со 10,2 отсто, според медиумите е највисока од 1994 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од април 2021 година, досега, најголемо зголемување на цената, за 122,2 отсто има на природниот гас, цената на електричната енергија е за 88,8 проценти зголемена, а нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто.

Во делот на прехранбените продукти, цената на маслото е повисока за 22 проценти во споредба со лани, на месото за 14,1 отсто, зеленчукот за 13,8 отсто, на млечните производи и јајцата за 11,7 отсто, на лебот и житните производи за 10 отсто итн.

Покачувањата на цените, освен на годишно, се и на месечно ниво, со 26,2 отсто поскап природен гас во месец април, споредбено со март, за 20,7 отсто поскапо јагнешко месо, над шест проценти поскапо месо, пет проценти за лебот итн.

Инфлацијата во Грција во март беше 8,9 отсто.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*