Курти по нападот на руските сили врз училиште во Луганск: Косово е солидарно со Украина

Косовскиот премиер Албин Курти го осуди завчерашниот напад на руските сили врз училиште во селото Билогоривка во украинската област Луганск, во кој, според тамошни извори, загинаа над 60 цивили, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава преку својата официјална страница на Твитер, Курти порача дека народот на Косово, „преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век… се солидаризира со народот на Украина“.

– Ужаснат од бруталниот напад врз невините цивили во училиште во селото Билогоривка во Луганск. Преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век и набргу по постигнувањето на ослободувањето, народот на Косово се солидаризира со народот на Украина, напиша Курти.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во бомбардирњето на училиштето во Билогоривка загинале над 60 цивили кои се засолниле таму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*